fbpx

Задругата Наша Добра Земја поддржува одржлива амбалажа за транспорт

Секоја недела, задругата Наша Добра Земја ги снабдува своите членови со асортиман од локално произведени и органски производи. Производите можат да се доставуваат. Се работи за свесен избор кога задругата користи хартиени кеси од Кесанова ДОО.

Take Away kesi @ KESANOVA DOO

Take Away кеси од КЕСАНОВА ДОО. Фото: Novatone Group

Наскоро ќе почне уште еден бран на корона наесен и на десетици илјади жители на Скопје повторно ќе им се доставуваат производи од разни компании. Амбалажата за пакување е неопходна. КЕСАНОВА ДОО нуди еколошки хартиени кеси со блок дно кои се наменети за таа цел.

Задругата Наша Добра Земја има добри причини што ги користи кесите на КЕСАНОВА:

„Очигледно дека се воздржуваме од користење пластична амбалажа за транспорт“, вели коосновачот Иво Бару, „бидејќи тоа би било во спротивност со самата цел на нашата задруга“.
Иво посочува дека задругата има желба да промовира одржливост и да го одржува својот еколошки отпечаток на што е можно поскромно ниво.

„Затоа, беше природно да ја продолжиме нашата соработка со КЕСАНОВА и да ги користиме нивните кеси за нашата нова онлајн достава. Најдобро би било да се има депозитен систем за амбалажа за транспорт, но во моментов тоа не е изводливо“.

Задругата Наша Добра Земја е еден од првите клиенти на КЕСАНОВА во Македонија. Во задругата Наша Добра Земја можете да најдете локални свежи производи одгледани во Македонија на природен начин без хемиски пестициди и вештачки ѓубрива.  

Придобивките коишто одговараат на амбициите за одржлива потрошувачка, екологија и локално производство се:

• Биоразградливи
• Без или со низок отпечаток на јаглерод диоксид
• Рециклирачки
• За повеќекратна употреба
• Заменува пластика

Прочитајте за хартиените кеси од одговорно управувани шуми овде и за заблудите во врска со амбалажата за транспорт овде.