Сара Митова е нашата нова вработена во Кесанова Доо од 1ви септември, па сега можеме повторно да комуницираме на македонски јазик.

Сара со своите 26 години веќе го пронајде своето место во графичката индустрија и има 5 годишно искуство во областа како графички дизајнер
Драго ни е што во нашата компанија Кесанова добивме вистински тимски играч, а сето тоа се должи на претходната професионална кариера на Сара како ракометарка и дел од македонскиот ЖРК Вардар и данскиот Сондерјуске.
Кесанова Доо е мала компанија во Македонија, па затоа обврските на Сара наоѓаат примена во продукцијата, продажбата и развојот на компанијата. Посебно кога станува збор за контакт со клиентите и услуги на македонски јазик.
Данското ракометно минато на нашата вработена подразбира и познавање на данскиот јазик. Тоа секако е од голема предност, бидејќи Кесанова е агент за фирмата FLEXO WASH, чие седиште се наоѓа во Данска. Истотака сестринската фирма Кесанова Апс е лоцирана во Данска.