fbpx

Хотели и ресторани

Нашите 21Л т.н. “doggy bag” (320x220x260)мм се совпаѓаат со обликот и големината на повеќето видови фолиска и стиропол амбалажа за храна која се користи во ресторани и хотели во Македонија. Затоа, кесата е совршена за носење на вишокот на храна по посета на ресторан.

21L doggie bag @ KESANOVA DOO
21Л “doggy bag” од KESANOVA DOO

Може исто така да се користи за храна за носење или кетеринг услуги, во случаите кога практичните и стилски решенија треба да се совпаднат со маркетингот: испечатениот мотив ќе го потсетува купувачот на тоа од каде ја набавил храната.

Формати кои се соодветни за храна за носење се 8Л (220x125x290)мм, 12Л (250x200x260)мм, 17Л (350х170х245)мм, 35Л (350x200x400)мм, “Take Away” кеси (350x170x350)мм, Пица кеси зо рачки (360x320x385)мм и пица кеси без рачки (360x320x455)мм.

Во принцип, кесите со „блок дно“ имаат повеќенаменска употреба во хотелската и кетеринг индустрија.

Хотелите и другите угостителски субјекти кои нудат ланч- пакети за туристички екскурзии користат повеќе видови на формати, вклучувајќи ги и горенаведените.

Спа хотелите може да амбалажираат пешкир крпи – и по можност шампони, сапуни, масла и креми за сончање или третмани- за своите гости во кеса прилагодена за оваа намена. Истата може да биде со влажност засилена цврстина 17Л „кеса за цвеќе“, (350x170x245)мм.

Пица кеси со рачки од KESANOVA DOO
Пица кеси од KESANOVA DOO