fbpx

Охрид добива еколошки кеси за ланч пакети

Од оваа сезона, Ohrid Holidays воведоа хартиени кеси за ланч пакети. Организаторот на тури сака да се држи до сопствените зелени идеали, и отсега туристите од земјата и странство ги добиваат ланч пакетите во еколошки пакувања.

Елегантната 12L хартиена кеса на Ohrid Holidays се сложува со убавото Охридско Езеро. Почнувајќи од летната сезона 2019 година, оваа практична кеса за ланч пакети ќе придружува илјадници туристи.

Секоја година, Ohrid Holidays организираат тури за повеќе од 10.000 гости од земјата и странство. Често пати патниците се снабдени со спакувани ручеци пред да бидат испратени во Битола, Матка, манастирот Свети Наум или други популарни дестинации во и околу Северна Македонија.

“Ние не сме достојни доклку ги испраќаме нашите гости во земјата со пластични кеси”, вели директорот Челик Асим.

“Ние сме свесни дека неверојатната природа околу Охридското Езеро е наша егзистенција. Живееме според природата, ја цениме природата, и би сакале да се грижиме за нашата природа и за ќивотната средина воопшто.”

Туристичка атракција

По традиција, туристите од Холандија се чести гости на Охридското Езеро. Ohrid Holidays е организатор на тури и е партнер со ТУИ во Холандија.

“Нашите холандски и западни гости се далеку повеќе свесни за животата средина од просекот овде во Македонија и не сакаат да гледаат расфрлана пластика наоколу во природата”, вели Челик Асим, и продолжува:

“Се согласуваме и сите ние сакаме тоа да го спречиме, а сега ние го преземаме нашиот мал чекор. Холандските забелшки, всушност, ни помогна да нѐ турнат во насока на барање на решение кое е посоодветно за климатските промени – како хартиените кеси. “

Ohrid Holidays ги користат 12литарските кеси

Во KESANOVA можете да најдете различни стандардни големини на хартиени кеси кога станува збор за пакување на ручеци, угостителство или храна за носење.

Ohrid Holidays избраа кафена кеса од 12L со блок дно. Дното на вреќата е со дмензии 250×200 милиметри. Тоа е големина која одговара за пакување на различни сендвичи, мали и големи оброци.

Димензиите се вклопуваат во мноштвото на стандарди во амбалажата на пакување, алуминиумските пакувања и други пакувања на храна кои се присутни во поголеми или помали верзии кои исполнуваат еколошки стандарди.

Цените на KESANOVA се независни од бројот на печатени бои на кесата. Ohrid Holidays целосно го искористуваат тоа со своето разнобојно лого.

Факти за 12L кафена кеса со блок дно на КЕСАНОВА:

  • Биоразградиви
  • Без или со низок отисок на јаглен диоксид
  • Рециклирачки
  • На браникот на законите против пластика
  • Додава на довербата кон вас
  • Додава на вашата видливост
  • Долго и цврсто примарно влакно
  • Со повеќекратна употреба
  • Заменува пластика