КЕSАNОVА би сакале да продаваат хартиени кеси на супермаркетите во Македонија, а големите синџири на супермаркети веќе ја имаа понудата на векот. Барем ние во КЕSАNОVА така мислиме. Но, ја одбија од разбирливи причини. Пластичните кеси се евтини и пластиката има многу добри својства.
Меѓутоа, постојат и некои погрешни сфаќања кои кружат наоколу и кои можат да доведат до тоа трговците премногу да се држат до пластичните кеси. На пример, неодамна се сретнавме со една маркетинг менаџерка која сериозно веруваше дека синџирот на супермаркети во кои таа пазарува е еколошки бидејќи користи само биопластични кеси.
Но за климата и за животната средина не прави разлика дали пишува „био“ на кесата или дали се вика биопластична кеса или слично.
Што значи зборот „био“ на пластичната кеса
Веројатно никого не би навредиле ако кажете дека „био“ е збор отпечатен на кесите за трговците и потрошувачите да се чувствуваат дека се на вистинската страна во битката со климатските промени. Понекогаш ова чувство се базира на лажни претпоставки, а понекогаш и не толку. Понекогаш трговците се свесни за тоа, а понекогаш не.
Во маркетите ќе најдете пластични кеси:
– направени од биомаса (растенија) и биоразградливи.
– направени од биомаса (растенија), но НЕ биоразградливи.
– направени од фосилни материјали (нафта) и биоразградливи.
– направени од фосилни материјали (нафта), но НЕ биоразградливи.
Последниов вид е вид на пластични кеси кои ги знаеме од порано. Тие се единствениот вид на кои отпечатениот збор “био“ би бил сосема погрешен. За другите три видови, можете да го најдете зборот „био“ отпечатен на кесата, а често пати во составот друг збор – „биоразградлива“ или „биопластика“ на пример.
Затоа, ако една кеса се нарекува биопластична кеса, тоа не мора да значи дека може да биде биолошки разградена. Може едноставно да значи дека е направена од биомаса.
„Биоразградлива“ не значи „природно разградлива“
Ниту една конвенционална пластична кеса не може да се разгради во природата, независно од тоа дали пластиката не направена од биомаса или од фосилен материјал. Микроорганизмите во природата не можат да ја разградат пластиката во рамките на временски период поимлив за човекот. Пластиката си е пластика.
Меѓутоа, кога станува збор за биоразградлива пластика, така се нарекува бидејќи можат да се додадат некои супстанции на пластиката кои им овозможуваат на микроорганизмите да ја разградат. Но потребни се некои особено поволни услови – кислород, прилагодена влажност и температура – за да се разгради биолошки пластиката. За тоа е потребна индустриска фабрика за компостирање.
Таква фабрика – според нашите сознанија – не постои во Северна Македонија. Очигледно, кислородот е клучен кога е потребно биоразградување на пластиката. Ако биоразградливата пластика заврши во морето или на дното на реката Вардар или во езерата, не прави разлика дали е биоразградлива. Таму ќе остане приближно засекогаш. Археолозите во иднината ќе се чудат зошто во наше време на пластиката било отпечатено „биоразградлива“ и потоа истата била фрлена во вода.
Прочитајте повеќе за Европскатабиопластика или за влијанието врз климата поврзано со поризводите на KESANOVA.