fbpx

Филозофијата на CRUX: За здрава храна потребно е здраво пакување

Новоотворениот бар CRUX ќе биде местото каде што Скопјани во иднина ќе се чувствуваат како дома. Таму има здрава храна, пригушена музика, удобна работна температура и допир на иднината. И еколошки пакувања.

Позади шанкот на CRUX бар е Марија (десно) и колегите Мартин и Ива. Фото: KESANOVA DOO.
Позади шанкот на CRUX бар е Марија (десно) и колегите Мартин и Ива. Фото: KESANOVA DOO.

„Има многу хонорарци и претприемачи во ова маало“, вели Марија Николова која е еден од сопствениците на CRUX, и ним им треба место каде што можат да си седнат со компјутерот на еден час или два. Ние сакаме да бидеме нивно засолниште“.

„Веруваме дека модерните Скопјани сакаат да бидат онаму каде што можат да ја прават вистинската работа. Барем посакуваме да го постигнеме тоа“, продолжува Марија.
„Затоа баравме одржливи пакувања. Меѓу другите нешта. Ни фалат мали хартиени сламки, на пример, но ќе биде и тоа“.

CRUX на улица Мајка Тереза

CRUX се наоѓа на улица Мајка Тереза бр. 60 (Водњанска) со тераса поставена над улицата која не е пренатрупана. Освен Марија, тимот на сопственици се состои од Филип, Мартин и Маја. Тие деновиве напорно работат за да отворањето протече непречено.

„И има многу место за паркирање на вашите велосипеди“, се шегува Маја. Како и насекаде низ Скопје, има недостаток на паркинг и во близина на CRUX.
„Всушност ние се обидуваме тоа да го претвориме во нешто позитивно. Веројатно ги привлекуваме урбаните типови кои се возат со велосипед“.

17литарската кеса е во согласност со барањата на CRUX

KESANOVA обезбедува најразлични формати на хартиени кеси. Стандардните формати одговараат на повеќето видови на храна за носење. CRUX има избрано кафени 17 литарски кеси бидејќи во нив ги собира нивните кутии за сендвичи. На дното собира точно две кутии една до друга, плус три една врз друга, значи има простор за шест кутии.

CRUX добро ги искористува кафените 17 литарски хартиени кеси. Ги собира нивните кутии за сендвичи, а за здрава храна потребно е здраво пакување. Фото: KESANOVA DOO.
CRUX добро ги искористува кафените 17 литарски хартиени кеси. Ги собира нивните кутии за сендвичи, а за здрава храна потребно е здраво пакување. Фото: KESANOVA DOO.

„Со 17 литарската кеса од KESANOVA имаме производ кој е разградлив, може повторно да се употребува и може да се рециклира, а ние можеме да го менуваме принтот како што сакаме“. „Таа го зборува нашиот јазик, а ние веруваме дека го зборуваме јазикот на сегментот на корисници на кои се фокусираме“, завршува Марија.