fbpx

Запознајте ја Сара Митова

Сара Митова е нашата нова вработена во Кесанова Доо од 1ви септември, па сега можеме повторно да комуницираме на македонски јазик.

Sara Mitova @ Kesanova Doo
Sara Mitova @ Kesanova Doo: “Тука сум за да помогнам при воведување на хартиените кеси на македонскиот пазар и проширување на анганжманот на истите преку социјалните медиуми.”

Сара со своите 26 години веќе го пронајде своето место во графичката индустрија и има 5 годишно искуство во областа како графички дизајнер

Драго ни е што во нашата компанија Кесанова добивме вистински тимски играч, а сето тоа се должи на претходната професионална кариера на Сара како ракометарка и дел од македонскиот ЖРК Вардар и данскиот Сондерјуске.

Кесанова Доо е мала компанија во Македонија, па затоа обврските на Сара наоѓаат примена во продукцијата, продажбата и развојот на компанијата. Посебно кога станува збор за контакт со клиентите и услуги на македонски јазик.

Данското ракометно минато на нашата вработена подразбира и познавање на данскиот јазик. Тоа секако е од голема предност, бидејќи Кесанова е агент за фирмата FLEXO WASH, чие седиште се наоѓа во Данска. Истотака сестринската фирма Кесанова Апс е лоцирана во Данска.