fbpx

KESANOVA Update #3

Решивме да ги намалиме цените на печатените кеси од 21L (320x220x260) mm
KESANOVA DOO

Пад на цената. Решивме да ги намалиме цените на печатените кеси од 21L (320x220x260) mm. Тоа се кесите кои се нарекуваат уште и „Doggie Bags“. Со тоа, се надеваме дека ќе ги мотивираме рестораните во поголема мера да преминат на хартиени кеси.

Има и неколку промени во однос на непечатените кеси. На пример, непечатените кеси од 15Л во кафена боја сега се пакуваат на поинаков начин и затоа MOQ сега е на 100 кеси.

Летен одмор. Затворени сме за летните одмори во периодот 19/7 – 9/8. Доколку ви требаат кеси пред овој датум, ве молиме за итна нарачка.

Специјална понуда. Имаме на залиха 2 палети 25L кафени (320x170x350) mm, кои ги продаваме заедно по поволна цена. Кесите се произведени по нарачка од синџир супермаркети, кои за жал се предомислија кога во Македонија почнаа да се слеваат поевтини квалитети. Нашите кеси се секогаш во девствен KRAFT со правилно монтирани рамни рачки од 5 слоја.

Веб-продавница. Нашата веб-продавница за непечатени кеси веќе е на интернет неколку месеци. Вчерашни вести, ок, но во случај да сте пропуштиле: kesanova.mk/shop.

Агенција. Кесанова ДОО сега е застапник на Flexo Wash (flexowash.com) во Северна Македонија, Косово и Албанија. Flexo Wash нуди иновативни и висококвалитетни решенија за чистење за да ги задоволи индивидуалните потреби на печатачите ширум светот.

Со почит,
Џон Петерсен
KESANOVA
076 420 010